Фото: Пиксабеј

Спорт и култура

Олимписките игри не се само спортско натпреварување туку и необична и несекојдневна можност да се запознаеме не само со спортистите во индивидуалните спортови туку и со личности што во најголема мера се борат самите со себе. За разлика од популарните колективни спортови, особено фудбалот, во кој колективната игра и националната гордост се доминантни категории, Олимписките игри на спортот му даваат конкретно име и презиме, му даваат конкретна човечка судбина. Следејќи ги Олимписките игри, можеме да научиме многу за личноста што ја гледаме. Ги претставуваме фаворитите на изминатите Летни олимписки игри во Париз што ги освоија социјалните мрежи, некои и не освоија медал, но станаа глобално популарни.

Симоне Билес – гимнастика
Оваа американска гимнастичарка освои три злата и постави рекорд по бројот на медали на Олимписките игри и светските првенства. Со вкупно 33 медали стана најдобрата во историјата. За време на натпреварот таа беше критикувана за нејзината фризура, се пишуваше дека косата ѝ е неуредна. Билес има АДХД, што бара енормен труд, самомотивација и волја за да се постигнат вакви резултати. Билес одржа лекција за мотивација.

Новак Ѓоковиќ – тенис
Човекот што освои сѐ што можеше да се освои во тенисот, по освојувањето на златото, среде теренот, почна да плаче од шок, од среќа. И тоа кога никој не веруваше дека може да игра поради повредата на менискусот. Со тие солзи Ѓоковиќ ја освои публиката пред екраните низ целиот свет и покажа дека никогаш не треба да се откажуваме од соништата, особено од детските.

Фемке Бол – атлетика
По освојувањето на златото во штафетата 4х400 метри, холандската спринтерка Фемке Бол, уморна, веднаш беше донесена пред камерите на новинарите на Би- би-си. А потоа 16 милиони луѓе го погледна видеото за само еден ден, исмејувајќи го нејзиниот глас и споредувајќи го со оној на Мики Маус. Видеото беше избришано, но осамнаа стотици хумористични, но не помалку исмејувачки мемиња, а Фемке Бол ги игнорираше сите.

Габриел Медина – сурфање
Бразилскиот сурфер Габриел Медина го прослави својот одличен резултат во овој спорт скокајќи од висок бран со својата штица. Историска е фотографијата, создадена од францускиот фотограф Жером Бруј, на која е фатен неверојатен дел од секундата во која Медина изгледа како да лебди во воздухот. Сцената е речиси библиска, филмска.

Јусуф Дикец – стрелаштво
Турчинот Јусуф Дикец веројатно е личноста за која сите знаат: на интернет со денови кружеа фотографии, мемиња и коментари дека Турците всушност испратиле платен убиец на натпреварот со воздушен пиштол на 10 метри за мешани тимови.
Дикец, кој немаше никакви помагала, кои вообичаено ги имаат натпреварувачите, со рака во џеб, на најлежерен можен начин и со своите диоптриски очила, го доведе својот тим до сребро. Дикец стана онлајн херој на акционен трилер, но во реалноста победија искуството и менталната сигурност во она што го правите.

Ана Барбосу – ​​уметничка гимнастика
Ана Барбосу, ​​романска уметничка гимнастичарка, се појави во олимпиското финале и освои бронзен медал, но само неколку минути подоцна, славејќи со романското знаме на грбот, беше четврта на семафорот. Американците поднесоа жалба, интервенираа судиите, па таа го загуби бронзениот медал, кој му беше доделен на Џордан Чилс. Ана Барбосу со овој настап докажа дека дури и кога даваш сѐ од себе, има нешто што е над твојата моќ. Моментот кога ѝ го земаат медалот од раце, изгледа како крај на светот.

Имане Келиф – бокс
Сите интимни и колективни фрустрации на светот паднаа врз Имане Келиф: некои жестоко ја бранеа, тврдејќи дека е жртва, други протестираа затоа што „маж што е жена“ тепа други жени во рингот. Впрочем, сè започна вечерта кога беа отворени Олимписките игри, а потоа случајот Келиф беше добредојден за сите да се ослободат од насобраното незадоволство, па се истурија. Оваа боксерка, во најшироката јавност, без оглед на силните научни и други објаснувања, стана симбол на неправдата и симбол на победата во исто време.