Во петок (24.10) КУЛТИ ВАТОР во соработка со КЦ Јадро ви го претставува еднодневниот музички фестивал „Октомвриски музички поход 2025″ кој ќе се одржи во просториите на Културниот центар Јадро во Скопје, со почеток од 19 часот.

Влезот на фестивалот е слободен!

На музичкиот настан ќе настапат: Група Калико, Група Димиш, Диџеј сетови, Раста Грл, Чарли, Анчи Саунд Ст.

Калико е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе веќе има десетина синглови и десетици концерти во Скопје и низ републикава. Леон, Горазд, Ана и Аце ќе претстават и дел од новиот материјал.

Димиш е млад артист но веќе со добро набиено искуство и на повеќе музички проекти (Димиш, Ред18 и трибјут проекти). Свири сѐ што може да се оствири од инструменти во еден бенд, (бас,тапани, гитара и вокал) а со материјалот веќе се докажува низ годините и на сцената.

Зад себе има неколку и-пиа и албуми со разни проекти, а како Димиш ќе го чуеме на 24.10 а ќе чуеме и нешто ново од неговиот опус. Стилски се движи низ звуците на бендови од Хускер Ду, преку Дајнасор ЏР, па до Соник Јут и слични гараж-инди-панк деликатеси.

Раста Грл е реге/ска/даб диџеј која е присутна повеќе од две декади на сцената. За издвојување е нејзиниот настап на Ексит пред 15-ина години кога отвори за легендарниот Макс Ромео.

Чарли е присутен на сцената како диџеј 30 и повеќе години. Диџејскиот репертоар се движи од рок преку фанк, рок па се до ворлд мјузик.

Анчи Саунд ст е ретро систем кој практикува ретро 80’с звуци низ годините како диџеи.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.