Одбележувањето на 20-годишнината од започнувањето на проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи се одржа во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На почетокот, куси поздравни обраќања имаа директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам на Македонија и помошник-министерот од Министерството за култура на Србија, Станко Благојевиќ. Во рамките на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од проектот за превод на 100 словенски романи се одржа и книжевна трибина, на која ќе учествуваат уредникот на едицијата Младен Весковиќ, словенечката авторка Габриела Бабник, српскиот автор Владимир Пиштало и македонскиот автор Ермис Лафазановски. Трибината беше интерактивна и присутните имаа можност да поставуваат прашања и да ги изложат своите ставови и гледишта за проектот.
Програмата ја водеше Александра Јуруковска. Исто така, беа изложени досега преведените романи на македонски јазик во рамките на овој проект. Одбележувањето се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија.

































