„Човекот и општеството низ смелата и/или насмеана визура – или магичноста на сцената“
Од шести до 13 јуни во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, на кој според изборот на уметничкиот директор д-р Ана Стојаноска ќе бидат прикажани девет претстави во официјална конкуренција и пет претстави од независната продукција во придружната програма. Добитници на наградите за животно дело се актерите Соња Михајлова. Снежана Конеска – Руси и Гоце Тодородски. На денешното собрание на фестивалот е донесена одлука наградата за музика што се доделува на фестивалот ќе го носи Филип Стефановски. Ќе се одржи и програмата во фокус насловена „ Музеј во движење“ посветена на Кирил Ристоски, Благоја Ристески – Платнар и Благоја Спиркоски- Џумерко.
За ова издание на фестивалот, од одгледаните претстави (и во институционалните театри и од независната продукција) доминираат претстави во кои може да се препознаат ставот на режисерот и потребата да се создава автентична театарска продукција. Со овој избор на претстави, рече на денешната претс конференција уметничкиот диркетор д-р Ана Стојаноска, и имајќи ја предвид тековната ситуација со театарските сцени во Прилеп, а во контекст на мојата четиригодишна програма „Враќање дома“, се обидела да ја раскаже актуелната приказна на современиот македонски театар.
– Таа приказна покажува како се однесува човекот во општеството и како тој човек е одговорен за текот на самото општество. „Човекот и општеството низ смелата и/или насмеана визура или магичноста на сцената“ е насловот на селекцијата со цел тематски да се позиционираат избраните театарски претстави. Во ова издание на фестивалот може да се препознаат и повеќе доминантни музички креации, кои и тоа како треба да бидат акцентирани, наградени и валоризирани – посочи Стојаноска.
Во официјална селекција се претставите:
-„12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар − Скопје,
-„Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје,
– „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар − Скопје,
-„Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје
-„Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола
-„Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп
-„Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес и
-„Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана
Ристоска-Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар − Штип
-„Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје.
Од незваисната продукција публиката ќе може даги проследи претставите :
-„Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје.
-„Снег“ од Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ − Скопје
-„Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“
-„Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
-„Ла Магбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ − Скопје.
На фестiвалот ќе се одржат и театарски промоции, изложби.
Ка.М.