Бугарското издание на романот „Од магла на југ до месечина на север“ од македонски писател Виктор Петрески беше промовирано во Македонскиот културно-информативен центар во Софија.
Бугарското издание на романот излезе годинава, а издавач е издавачката куќа КВЦ на Красимира Цонева, која е и негов преведувач.
Романот ги испреплетува судбините на хероите во Европа од 20 век – од првите сенки на големата депресија, преку ужасите на Втората светска војна, до темните улици на модерниот град. Ова е приказна за изборите што нè создаваат и за цената што ја плаќаме кога забораваме кои сме биле на почетокот.
Виктор Петрески е писател, продуцент и актер, роден во 1991 година во Скопје. Завршува прв циклус студии по компјутерски инженеринг, а подоцна и магистрира по сценарија за кино. Уште од рана возраст покажал силен интерес за пишување, прво создавајќи научнофантастични приказни, а во тинејџерските години почнал да пишува приказни инспирирани од националната историја.
Дебитираше како писател со романот „Од магла на југ до месечина на север“, објавен во 2015 година.