Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски – книгата во која најубавите македонски љубовни стихови се собрани на едно место.
На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во петте циклуси на книгата, од копнеж до ерос е и можниот одговор на прашањето како се љуби на/со македонски јазик и на македонски начин. Ова е најобемниот тематски избор од современата македонска поезија.
„Македонска љубовна лирика“ е и единствениот тематски избор од македонската љубовна лирика во моментов присутен во македонските книжарници. Од неодамна, книгата е дел од изборната лектира за гимназиско образование, но е книга за сите генерации, што треба да ја има во секој македонски дом.