Неодамна од печат излезе двојазичната поетска збирка „Светлосна тишина“ на современата полска поетеса Калина Изабела Зјола.
Калина Изабела Зјола е поетеса, писателка, книжевна критичарка, новинарка и културна аниматорка. Има објавено 20 поетски книги, меѓу кои 11 на странски јазици, и една книга со книжевна критика „На мојот пат, птиците само поминуваат“ (есеи, рецензии, нацрти). Има преведено на полски 24 книги од други автори и антологии. Нејзината поезија е препеана на над 20 јазици и објавена во многу списанија, антологии и алманаси во Полска и во странство, но исто така е застапена на телевизиски програми.
Зјола е учесничка и на годинашното издание на „Струшките вечери на поезијата“. Препевите на песните се на Томаш Миелцарек и Даниела Андоновска Трајковска. Книгата е во издание на „Перун артис“ од Битола.