Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Знам планина што ме чека“ од Шоле Резазаде, кој ја раскажува приказната за четириесетгодишната Алма, која живее во брод-куќа на тивко разбрануваната река Амстел. Таа е постојано зафатена со работа. Но еден ден носи радикална одлука и сама патува кон Иран. Таму живее Сарај, која чува овци и молзи кози и вљубена е во момче од друго номадско семејство, со кое има тајни средби на брегот на Арас, брзата река што татни низ нерамниот планински пејзаж. Номадите живеат од ден на ден и го јадат она што им го нудат годишните времиња. Наместо постојано да зјапаат во нивните телефони, тие се меѓусебно поврзани. Но нивниот опстанок е загрозен. Поради климатските промени, кои сè почесто носат суша, Арас повеќе не е толку бучен и сè повеќе млади номади сакаат да се преселат во град.
Шоле Резазаде го има проткаено во прекрасен поетски стил овој совршено алегориски роман во кој ја раскажува приказната за Алма и Сарај, како и за Арас и Амстел.
Преводот од холандски на македонски го направи Ели Пујовска.
Преводот на книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на Наградата за литература на Европската Унија. Авторот на книгата ја добива Европската награда за литература во 2024 година.
Шоле Резазаде (1989) е иранско-холандска авторка, која твори на холандски и на персиски јазик. Во 2015 година се сели од Иран во Холандија, каде што почнува да пишува проза и поезија. Три години по нејзината преселба почнува да го пишува својот прв роман „Небото е секогаш виолетово“, за кој ја добива наградата за дебитантско дело од Друштвото на писатели во Холандија (2022). Вториот роман „Знам планина што ме чека“ е издаден во 2023 година и има добиено специјално признание од Наградата за литература на Европската Унија (2024). Резазаде пишува колумни за еден холандски дневен весник.