• Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4-формат. Tемата на стрипот е слободна

Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот
меѓународен конкурс за стрип.
Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23. Меѓународен стрип-салон „Велес 2026“ – најзначајна стрип-манифестација во државата. Тој е финансиран од страна на Министерството за култура и Општина Велес.
– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4-формат (мин.150 дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страница, треба да биде со најмалку 3 сликички. Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во рамките на промоција на своите активности. Tемата на стрипот е слободна. Исклучок се прави за учениците од основно и средно образование, каде што се дозволува учество со стрип-дела што учествувале или учествуваат на други тематски стрип-конкурси. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува само со еден стрип. Исклучок има за сценаристите, каде што се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови. На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…) – информира организаторот Томе Трајков.
Заедно со стрипот треба да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, имејл), како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите, како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови без овие информации нема да бидат земени предвид за награди.
– Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценувањето доколку бидат на македонски јазик и кирилско писмо. Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во рамките на изложбата на Салонот на стрип Велес 2026, со реална можност за друг вид на промоција.
Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија, која ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:
• Прва награда, 300 евра – „‘Златен стрип“, изданија и диплома за прво место
• Втора награда „Сребрен стрип“
• Трета награда „Бронзен стрип“
• Награда за најдобро сценарио, диплома
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома
• Други специјални награди
Рокот за испраќање е до 1.8.2026 година. Тие може да се испратат на
a) адреса: Стрип-центар на Македонија – Велес (за конкурсот)
ул. Васил Ѓоргов, бр. 78,1400 Велес, Република Македонија
б) или преку имејл: [email protected]
За повеќе информации заинтересираните може да се јават на горенаведениот имејл или на телефонот +38978867327.