Фото: Приватна архива

Во фотофиниш, пред самиот крај од оваа година, од печат излегоа два наслови под логото на „Булевар Ослободување“: „Булевар Ослободување бр. 10“ и „Малага (возови од мастило)“.
Под двата наслови како автор е потпишан Живко Грозданоски: писател, книжевен преведувач, водич по креативно пишување и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
„Булевар Ослободување бр. 10“ е заокружување на еднодецениското постоење на авторскиот блог на Живко Грозданоски (прво на платформата Weebly, сега www.bulevarosloboduvanje.mk), на кој тој повремено објавува преводи, книжевни осврти, рецензии, есеи и колумни.

Книгата претставува избор од текстови објавувани на блогот во периодот од 2014 до 2024 година, „Малага (зборови од мастило)“ одбележува еден друг јубилеј: две децении од објавувањето на првата книга на авторот („Песок и свила“, гимназија „Нова“, 2004). Во „Малага (возови од мастило)“ поместени се избор песни од „Песок и свила“, но и досега необјавените „Обични песни“, како и збирката „Малага“ (пишувани во периодот од 2004-2006, односно 2006-2009 година) Книгите можат да се најдат во книжарницата „Буква“ во Скопје.