Британскиот автор со индиско потекло Салман Ружди неодамна ја објави новата книга „Нож“, во која го опишува нападот што му се случи во 2022 година, кога беше избоден на јавно место во Њујорк, по што остана слеп на десното око. Ружди, кој од 1989 година живее под смртна закана од фатва издадена од тогашниот исламски режим на Иран, ги споделува своите размислувања за нападот во нова книга.
Писателот бил нападнат додека се подготвувал да зборува на конференција во северниот дел на Њујорк. Писателот бил нападнат со нож од маж што истрчал на бината. Полицијата веднаш го уапсила осомничениот Хади Матар, Американец со либанско потекло, кој пред судот се изјаснил за невин за нападот. Книгата излезе минатиот месец.
Ружди напиша дека неговата прва мисла кога бил нападнат била: „Значи ти си“, алудирајќи на лицето што дошло да ја спроведе фатвата.
Во емисијата за американскиот телевизиски канал Си-би-ес, писателот го опиша последното нешто што го видело неговото десно око.
– Видов човек во црна облека како доаѓа брзо и налутено. Морам да признаам дека понекогаш сум го замислувал мојот убиец како станува на јавен настан и ме напаѓа. Значи, мојата прва помисла кога ја видов таа убиствена силуета како брза кон мене беше: „Значи, ти си, тука си“ – додаде писателот, кој сега има 76 години.
Ружди, роден во 1947 година, е познат по својата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година. Писателот беше принуден да се крие во Обединетото Кралство една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна со кој им нареди на верниците да го убијат писателот за, наводно, навреда на исламот во романот. Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но не ја повлече. Според исламската доктрина, еднаш изречената фатва никогаш не може да се повлече, особено ако тој што ја изрекол оттогаш починал, како што е случајот со Хомеини (1902-1989).
Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Полноќни деца“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.
Три нови хаику-книги
Во издание на институтот „Инаку“ – Скопје, деновиве ќе излезат од печат три нови хаику-книги, и тоа: „Хаику миг“ – хаику-песни од 37 автори, „Мајчински муабети под праската“ од Даниела Ефтимова и „Бисерно клопче“ од Оливера Јовановска. Трите книги се библиофилски изданија во 111 примероци.
Во книгата „Хаику миг“ се објавени хаику-песни од: Емилија Матаничкова, Славица Урумова–Марковска, Оливера Јовановска, Даниела Ефтимова, Лидија Размоска–Тримовска, Емилија Тодорова, Ванѓа Н. Радевска, Гордана Каракашевска, Силвана Димитриевска, Тони Павлески, Наталија Наумовска, Славица Милева, Александар Прокопиев, Христо Петрески, Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Нове Богојески, Марина Мијаковска, Маја Мојсова, Атанас Крлевски, Ѓорѓи Димитровски, Слаѓана Брезовска, Биљана Ѓоргиева Зринк, Фросина Тасевска, Ристо Филчевски, Ивона Даноска, Македонка Божиновска, Марија Челебиева, Сабахета Ета Мерсими, Наде Поп-Гаврилова, Дана Тембелеска, Лилјана Средојевиќ, Вера Искова, Лилјана Стоилковска, Тања Кузманоска, Никола Д. Сарајлија–Македонски и Оливера Станковска.
Во рамките на промоцијата му беше доделена наградата „Хаикин“ на писателот Александар Прокопиев за посебен придонес на планот на хаику-творештвото, а беше отворена и ликовната изложба „Очи“ од писателот Христо Петрески.