Kонстантин Плевнеш
Специјално за Нова Македонија од Париз

Веста за смртта на Милан Кундера која  ја објавија сите јазици на сите

меридијани ме потсети на еден стар политички емигрант кој велеше

Парис е мал но Македонија е голема!

Дека Парис е мал и дека на неговите улици како што велеше хрватскиот

поет и боем Антун Густав Матош ”има повеќе  дух во 5 минути отколку во пет векови во Пруската академија на науките“

беше доказ една средба со Милан Кундера која ја обележа мојата

гимназиска младост во Градот на светлината!

Во тие пет минути се случи

и незаборавната идилична средба со Милан Кундера во

почетокот на третиот милениум по Исуса Христа

на улицата Ассас наспроти Црквата Сент Суплис во која има фреска на Ежен Делакруа (Битката на Јаков со Ангелот)

која ја обожаваме со мојата прекрасна мајка

и е омилена на мојата волшебна сопруга која е Историчар на уметност

се појави пред мене и татко ми

бесмртниот Милан Кундера!

 

Беше многу висок и елегантен со лик како излезен

од портрет на Ел Греко со долг врат и долги раце.

Се сеќавам како париските канделабри

се рефлектираа во неговите очи додека му кажував

како го  доживеав неговиот  роман ”Бесмртност”

Тој рече дека Бесмртноста е прашање некогаш на минути

споменувајќи го настанот со Делакруа

кој после неколку години на работа над фреската Борбата со Ангелот

во последните 20 минути во левиот дел фреската

ги оставил штафелајот, сите бои неговата сликарска четка и неговата облека

во вид на тестамент за неговото збогување со животот!

Ме праша како се викам и кога му го кажав моето име

тој се воодушеви и почна да зборува за императорот кој ја просветли

Европа и почна да зборува за Константинопол!

Беше изненаден кога му реков дека покрај неговата книга “Уметноста на романот” која има светско значење

за мене беа откритие и неговите три поетски книги кои се малку

познати а ги пишува во својата рана младост

Човекот таа бескрајна градина”  „Монолози” и “Последниот мај”

Од неговите очи како да излегоа зборовите

За романот треба време а поезијата е како музиката

и како овој миг во кој се сретнавме.

Секој миг е во животот минливост и Вечност во исто време!

 

Патувај бесмртен Милан Кундера во Твојата единствена татковина

Светската литература!