На вториот фестивал „Песните на Тоше Проески“, одржан во организација на Естрада мултимедија центар, а во соработка со фондацијата „Тодор Проески“ и под покровителство на Светската асоцијација на фестивали (ВАФ), највисокото фестивалско признание, „гран при“ му беше доделено на Стеван Феди од Црна Гора.

Фестивалот се одржа во Културниот центар во Битола на 18 октомври, а за најдобрите одлучуваше професионалното жири.
– Голема чест ни беше да го угостиме Стеван Феди од Црна Гора, композитор, вокален солист и искрен пријател на Македонија, чијa емотивна изведба на песната „The Hardest Thing“ остави силен впечаток и на посебен начин го одбележа ова издание на фестивалот посветено на споменот на Тоше Проески. Инаку Стеван ја преставувал Црна Гора и на „Евровизија“. Искрено му благодариме за инспирацијата, посветеноста и уметноста што ја носи на сцената – ни рече Марјан Катароски, директор на фестивалот.

На ова фестивалско издание имаше пејачи од Македонија, Словенија, Хрватска, Украина и од Црна Гора, кои пеејќи ги песните на Тоше го чуваат споменот на балканскиот славеј.
М.Т.

