Во НУ Завод и Музеј – Прилеп денеска денеска се одржа манифестацијата „Екфрасија – цртам зборови – говорам слики“, а по повод 70 години од неговото формирање.
Десет ликовни уметници и 10 литературни творци беа дел од мултимедијалниот настан.
– Творците од Прилеп ја потврија историјата на поврзаноста на уметничките медиуми, нивната зависност и неминовност во создавањето на она што поминува низ времето, а трае во вечноста. Како што Хомер во својата Илијада го овековечи со незаборав Ахиловиот штит. Нема ништо поубаво од уметноста, само таа не поминува и се помни, само таа е вткаена во генезата на оние што допрва ќе се родат. Само таа умее да го издвои убавото од минатото за да не поттикне во сегашноста да создаваме за иднината несебично и чувствено – посочи Елизабета Д. Иваноска, историчар на уметност од прилепскиот Завод и музеј.
При тоа ументиците имаа можност да се запознаат со музејските поставки, и да присуствуваат на презентацијата„ Историски случувања во периодот од XIX до XX век и нивното влијание врз културно-социјалниот живот во Прилеп и непосредната околина“.
Ка.М.