Монографија за 70 години Завод и музеј Приле
„Од артефакт до идентитет-седум децении културна меморија”е монографијата што беше промовирана денес во Завод и музеј Прилеп, со што се заокружија активностите за одбележување на 70 години од формирањето на институцијата.
– Постојат јубилеи што се одбележуваат со бројки и јубилеи што се чувствуваат.Овој денешниот е јубилеј што се чувствува – рече меѓу другото Мимоза Христоска, директор на Заводот и музеј Прилеп на промоцијата на монографијата.
Според Христоска со монографијата се согледува патот на Музејот,како
артефактите, архивската граѓа,музејските збирки и библиотечните фондови, со стручна грижа и научен пристап, прераснуваат во носители на културната меморија и идентитет.
-Монографијата потсетува дека Музејот не е само чувар на минатото, туку и активен, жив, културен чинител на сегашноста, со јасна одговорност кон иднината.Ова дело е,сведоштво за континуитет, за генерациите вработени кои со својата работа оставиле траги, но и за нашата определба и понатаму да ја градиме институцијата врз знаење, одговорност, професионалност и човечка посветеност – рече Христоска на денешната промоција на монографијата за 70 г.Завод и музеј Прилеп. Ка.М.





































