Младата македонска пејачка Марија Спасовска на јавноста и ја претстави нејзината нова песна „Минато“, давајќи и свој печат. Овој пат, станува збор за модерна ар ен би балада.
Таа е авторка на текстот и на музиката, а композиторот и музичар Николче Мицевски, со својот аранжман ја обои целата мелодија, пакувајќи ја во едно модерно музичко парче кое кореспондира со современите музички текови.
Како и за сите останати нејзини песни и најновата „Минато“ е визуелизирана со видеозапис, чија режија овој пат ја потпишува Горан Симјаноски/Gogorzr. Во видеото Марија го толкува главниот лик, а како нејзин партнер се појавува моделот Андреј Димоски.
М.Т