Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4.140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска.
Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот аудиовизуелен центар.