Четири македонски сценаристки и креативки: Ева Камчевска, Весна Куслеска, Валентина Ѓоргиевска Парго и Тања Кузманоска успешно учествуваа на четвртата културната манифестација „Темпора/контемпора“, во рамките на финалната средба, насловена „Источна сцена“ (The East Side of the Stage), што се одржа на 30 септември и 1 на октомври во италијанскиот град Лече.
Настанот беше искреиран за на него да се сретнат учесници од Приштина, Белград, Тирана, Цетиње, Чивидале дел Фриули, Скопје, Триказе, Лече…
Манифестацијата се одржа во организација на AMA – Медитеранска акадмеија на автори (Accademia Mediterranea dell’Attore), под водство на реномираниот директор Франко Унгаро и Росела Нотарникола, Валтер Прете и Густаво Д Аверса. Вечерта на која настапија македонските сценаристки беше организиран од страна на ИТИ – македонски центар на Итернационалниот тетарски институт (ITI – Macedonian Center of International Theatre Institute), на чело со реномираната Иванка Апостолова Баскар.
Сценаристките пред тоа беа дел од работилница за драмско пишување „Овер вју ефект“ (Overview effect), што се одржа од 2 до7 јуни годинава, под менторство на Валтер Прете, а нивните сценарија се најдоа во истоимената е-книгата, заедно со сценаријата и на другите учесници: Маја Дреца Ристески, Стефан Марковски, Оливија Трајковска, Христијан Крстевски, Милица Костова Ристова и Емилија Матаничкова.