„Лилјакот“ повторно ќе се најде на сцената на МОБ. Оваа спектакуларна оперета ќе биде изведена вечерва. По три одлични изведби, „Лилјакот“ ќе се изведе повторно, тоа ќе биде вечер исполнета со музика, хумор и емоции, културно доживување за публиката и критиката.
Претходните изведби предизвикаа бурни аплаузи, високи оцени од публиката и критичката фела. Ова ремек-дело на класичната музика се враќа како еден од најочекуваните културни настани во декемврискиот репертоар.
„Лилјакот“ е светски позната оперета што ги слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи.
Оваа изведба, под диригентска палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа.
Доколку ја пропуштивте претходната изведба, ова е вашата можност да бидете дел од ова празнично културно искуство и да ја почувствувате магијата на „Лилјакот“ во живо.
































