Најстарото и нареномирано Културно – уметничко друштво од Кичево,„ Нико Пусоски“ , со целовечерен концерт во сабота 17 јуни, ќе го прослави 78-от роденден
Низ ова друштво во овие безмалку осум децении преодефилирале повеќе од 2000 играорци, песнопејци и инструменталисти, а душтвото во изминатите 78 години настапувало во повеќе од 20 земји во светот.
Преседателот на друштвото Аце Јованоски најави, дека саботниот концерт ќе биде нешто поинаков од претходно и ќе застапи ора и песни од сите делови на етничка Македонија.
-Со саботниот концерт што ќе се одржи во големата сала од центарот за култура во Кичево, ќе го одбележиме 78-от роденден на најстарото и најреномирано друштво во Кичево,КУД„ Нико Пусоски“ ,кое е основоположник и најдобар промотор на македонското оро и песна. На саботниот концерт ќе изведеме игри од сите делови на етничка Маледонија. Ќе има игри од Овчеполието, Источна Македонија, Игри од Егејскиот дел на Македонија, Преспански игри и многу други орски сплетови .Пеачката група ќе изведе две нумери и тоа ,„ Ајде ако знаев“ и„ Ајде поминувам заминувам“. Програмата ќе биде збогатена и со настап на КУД „Врело“ од Бујановац, Република Србија. Подготовките за овој концерт се на самиот крај и очекуваме полната сала во сабота навечер да ужива во овој несекојдневен музички настан-истакна претседателот Јованоски. З.А