Фото: „Винтер априкотс“

Од 10 до 13 декември во киното „Мис Стон“ во Прилеп, ќе се одржи јубилејното десетто издание на интернационалниот филмски фестивал „Винтер aприкотс”(„Winter apricots”) Филмската програма, поделена на македонска, балканска и интернационална селекција, ќе прикаже краткометражни дела кои ја истражуваат современата визуелна естетика, наративната концентрација и темите на современиот свет. Селектираните дела се одбрани од 760 пријавени филмови од 77 држави.

Фото: „Винтер априкотс“

Најавената програма опфаќа: фотографски изложби, промоции на книги и трибини,
концерти и музички перформанси, програма на танцови филмови што традиционално го отвора фестивалот, како и специфични хибридни формати на уметничка соработка.
Според Дарко Ѓорѓиески,, еден од организаторите на фестивалот, вака поставената
структура функционира како интердисциплинарен културен мост, создавајќи средина
каде што филмот, литературата, музиката и визуелната уметност не се паралелни патеки, туку точки на пресек.

– Во културна средина често фокусирана околу главниот град, Интернационалниот
филмски фестивал „Винтер Априкост“ во Прилеп, претставува редок и значаен пример за тоа како уметноста може да создаде нови гравитациски точки во внатрешноста на
државата. Основан со јасна визија – да му ја врати на Прилеп и неговата публика навиката на активно културно живеење – Фестивалот денес е препознаен како најпосветениот македонски концептуален простор на краткиот филм, и меѓу ретките што успеваат да изградат препознатлив интернационален идентитет – вели Дарко Ѓорѓиески.

Од своите почетоци, Winter Apricots го застапува ставот дека краткиот филм не е „мал
филм“, туку комплетна кинематографска форма со авторски интегритет. Со отворање кон сите жанрови и естетики, Фестивалот станува место каде што авторите ја користат
кондензираната форма за да создадат силни и прецизно артикулирани визуелни идеи.
Овогодишното интернационало жири го сочинуваат тројца истакнати професионалци чија работа опфаќа значајни достигнувања во полето на филмот и визуелните уметности. Мартина Аригони, филмска режисерка, сценаристка и уметница од Милано, Јелена Иванчевиќ, сценографка и дизајнерка на сет, делува во рамките на
филмската и театарската продукција во Црна Гора и Србија, Георги М. Унковски, автор со интернационално признание и силно присуство на македонската филмска сцена, чиј
најнов долгометражен филм „Диџеј Ахмед“ е наградуван на фестивали ширум светот.

Организаторката Елена Мелончели, соопшти дека првпат се скучува фестивалот да биде отвоттен со изложба на фотографии.

– Ова издание на фестивалот за првпат се отвора со изложба – внимателно избрана
колекција на аналогни фотографии од Јордан Звездоски. Литературната компонента е
застапена преку промоции на книги и трибини, вклучувајќи ја книгата „Годините“ на
нобеловката Ани Ерно, во присуство на издавачката Катерина Шекутковска (Илика) и
преведувачката Андријана Папиќ Манчева, „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски, како и трибината „Синелитера“, посветена на пресекот меѓу филмот и литературата и на нивниот дијалог во современиот културен контекст-истакна Елена
Мелончели.

Музичката програма вклучува настап на мултиинструменталистот Мухамед Ибрахими и футуристичкиот аудиовизуелен проект ИСКРА, кој преку синт-звуци и интригантни анимации ја потопува публиката во хипнотизирачки свет на футуристичко Скопје.
Со ова, 10. издание „Винтер априкотс“ (Winter Apricots) ја потврдува својата улога
како интегриран културен настан, кој ја спојува кинематографијата, музиката,
литературата, танцот и визуелната уметност, создавајќи мултисензорен дијалог и
збогатувајќи го културниот живот на Прилеп и на Македонија.

Во рамки на досегашните изданија на фестивалот, прикажани се над 500 кратки филмови а одржани се дваесетина концерти. Ф.Д.