Утревечер на отворената сцена пред Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе биде одржан концерт на музичкиот состав Калевала подржан од Министерството за култура и туризам. Се очекува 80 минути музичко патување низ култури, јазици и емоции, од македонски до шпански од традиционалното до авторско-Калевала создава музика која што ги брише границите.
-Утревечер со почеток во 21 часот, на отворената сцена пред Центарот за култура во Кичево, ќе биде одржан концерт на професионалниот музички состав,Калевала. Калевала е музички состав кој преку звуци инспирирани од различни култури,почнувајќи од домашната култура на својата публика и отвора простор за визуелна и чувствителна имагинација. Овој вид на меѓусебно зближување преку надминување на границите и размена на она што е заедничко тежнение на луѓето а тоа е среќата. Убав ден кој што независно од времето и местото отвора чисто небо, простор за оддишка и одмор дури и кога улиците се обвиткани од сивилото. Музичкиот концепт опфаќа авторски песни со текстови на различни јазици, македонски,англиски, италијански,португалски, шпански,француски, како и традиционални песни од различни делови на светот – истакна директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи.
Музичкиот состав Калевала го сочинуваат Јасна Николовска-Овчароска-вокал, Владимир Овчароски-гитара, Зоран Павловки-контрабас,акордина, и перкусионистот Горан Спасевски. З.А.