Деновиве се појави албанскиот превод на книгата раскази „Делфин“ кај познатото книгоиздателство „Фан Ноли“ од Тирана. Преводот на албански е на Никола Судар, а книгата се препорачува како возбудливо дело на еден од „најдобрите балкански постмодернисти“. Се истакнува стилското умеење, но и човечноста на авторскиот ракопис на Прокопиев.
„Делфинот“ е четврта книга на Прокопиев преведена на албански, и трета, по „Човечулец“ и „Ѕиркач“, објавена кај реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“.
Инаку, книгата раскази „Делфин“ досега е преведена на словенечки, хрватски (распродадено издание) и на бугарски јазик.
– Ме радува што книгите ми се преведуваат иако се издадени пред десет или дваесет години, а и понатаму се читаат и оценуваат. Тоа е некој убав доказ за нивната долготрајност – вели авторот.