На задоволство на љубителите на театарската уметност и на почитувачите на делата на големиот британски писател Вилијам Шекспир, по двегодишна пауза поради пандемијата, во Битола годинава ќе се одржи осмиот по ред „Битола Шекспир фестивал“.
Фестивалот, што годинава ќе се одржи под мотото „Мислата е слободна“, ќе трае пет дена (од 25до 30 јуни).
На сцената на Народниот театар – Битола, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на театрите од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и од Македонија. М.М.