Киро Урдин, основач на уметничкото движење „Планетаризам“, ја отвори својата самостојна изложба на слики и цртежи „80 години – 80 дела“ на 5 јуни, во „ММ галерија“ во Брисел. Награден со највисоката награда „Уметник на светот“ на биеналето „Остен“ во Скопје во 2024 и изложуван во Националната галерија на Македонија, Урдин се враќа од Токио, Њујорк, Детроит и Мексико Сити, од неговата изложба на меѓународниот саем на современа уметност „Арт Тесалоники“ во Солун со Микеланџело Пистолето и од изложбата во големата салата „Бранкузи“ на Палатата на парламентот во Букурешт – за да прикаже избор од своите нови дела, вклучувајќи повеќе од 80 цртежи, кои се објавени во неговата најнова книга „Линии и бои“, која исто така ќе биде промовирана на отворањето на изложбата.

За пошироката публика, изложбата ќе биде отворена до 28 јуни. Марк Мињау професионално ја води својата истоимената галерија повеќе од една деценија како место за промовирање на современата уметност, за размена и споделување емоции преку уметноста. Со околу осумдесет организирани изложби на конто од нејзиното создавање, галеријата „Марк Мињау“ привлекува растечка публика на колекционери. Галеријата претставува дела од современи уметници етаблирани на меѓународно ниво и нуди дела од со децении стекнати збирки на приватни колекционери.

Киро Урдин е еден од најважните македонски уметници, кој е пионер на глобалното авангардно движење „Планетаризам“, кое ја редефинира современата уметност со спојување космички теми, футуристичка апстракција и метафизичка длабочина. Неговото дело не само што ја воздигнува македонската уметност на меѓународната сцена туку и ги премостува културните и научните дискурси, инспирирајќи нов начин на согледување на местото на човештвото во универзумот. Како визионер, влијанието на Урдин се протега надвор од естетиката – неговата филозофија поттикнува уметничка иновација, интердисциплинарно размислување и универзална перспектива што ги надминува националните граници, а сепак ги одразува неговите македонски корени.

Киро Урдин (р. 1945, Струмица, Македонија) е визуелен и мултимедијален уметник, филмаџија и уметнички основач на движењето „Планетаризам“. Неговото творештво опфаќа сликарство, филм, танц, скулптура, фотографија, литература и филозофија, со централен фокус на обединување на културите и уметничките дисциплини. Неговата уметничка филозофија, вклопена во слоганот на движењето „Планетаризам“ – „Една точка насекаде, сè во една точка. Една уметност насекаде, сè во една уметност“, го отсликува неговиот животен стремеж за уметничко и културно единство. Член е на Македонската академија на науките и уметностите и витез на францускиот ред за уметности. Урдин продолжува да истражува нови креативни граници, поврзувајќи дисциплини и традиции за да создаде вистински глобален уметнички јазик.