Глобалната дигитална едиција „Kindle Books” на англиски јазик деновиве е збогатена со 12 романи на македонскиот писател Божин Павловски.
Тоа се дела што освоиле високи меѓународни и домашни признанија: „Gardener, Desert” („Градинар, Пустина“), „The Horn of Love” („Рогот на љубовта“), „Shadow in the Name” („Сенка во името“), „Winter in Summer” („Зима во лето“), „America, America” („Америка, Америка“), „The Beauty and the Marauder” („Убавицата и Мародерот“), „Dreaming on the Road” („Египетска сонувалка), „Journey with my Beloved” („Патување со љубената“), „Eagle Coat of Arms” („Подвижни гробови“), „Borders” („Мирисите на доилката“), „The Red Hypocrite” („Црвениот Хипокрит“) и „West Aust” („Вест Ауст“).
Преведувачи на делата се Весна Николова, Елена Чаварела, Билјана Џон, Мајкл Серафинов и Џејмс Томев. Супервизор на преводите е Бредли Досон, а ликовен уредник Жаки Линч.
Божин Павловски е добитник на повеќе меѓународни признанија. Романите на академик Павловски, кој живее и твори во Македонија и во Австралија, се преведени на 17 јазици во повеќе од 60 изданија и проследени со бројни критички толкувања