Во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, денеска се одржa манифестацијата „Музеј, Училишта, Сеќавања“, со проекција на ученички перформанси и доделување на плакети за учество во проектот „Училиштата во музеите или музејот во училиштата“.
– Проектот веќе 15 години живее со енергија и покажува колку е важно традиционалното наследство да се пренесува – не како нешто што го чуваме под стакло, туку како нешто што живее со нас, низ нашите движења, гласови и гестови – велат од Завод и музеј Прилеп.
Настанот, во рамките на одбележувањето 70 години Завод и музеј, е уште еден доказ дека музејот не е само простор за изложби, туку жив, едукативен и инспиративен центар каде што минатото станува дел од сегашноста преку ангажманот на најмладите.
Ка.М.