Во Ликовната од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа е отворена изложбата
„Ветување“ од Маја Ралева Миладиновски, која се претставува со 20 мал формат слики
10 х 10 см, и 15 слики на картон, поделени на пет препарирани платна каде
композициски се распоредени како една голема слика.
Уметницата Маја Ралева Миладиновски вели дека изложбата „Ветување“
е приказна од деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал
сликарски формат, преточена во сликарска инсталација од пет големи платна на кои се поставени мал формат сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање.
Изложбата ја отвори Елена Оровчанец, која посочи дека делата од Маја ги
исполнуваат дадените ветувања и споделуваат.
– Споделуваат преку боја, форма, композиција, поставеност на фрагментите.
Маја не би била Маја доколку и во сликарството не внесе тродимензионалност, не ја
доближи сликата до гледачот со сите можни расположливи средства. Впрочем тоа е и
нејзината вокација, вајарството. А, изложбата е посветена на големиот човек Јован
Ристов, кој целиот свој живот го посвети на заштитата на културното наследство – рече
Оровчанец.
На академската уметница Маја Ралева Миладиновски, ова и е 12 самостојна
изложба. Ка.М.