Во Ликоvната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска е отворена изложбата на дела „Мал формат“ која ќе трае до 15 јануари.
Љубителите на уметноста во наредните три недели имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Таневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска…
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ. Ка.М.