фото: Ка.М
Синоќа во Завод и музеј Прилеп беше отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“, што е резултат на долгогодишната соработка меѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата, насочена на проучување на овој извонреден неолитски локалитет во Пелагонија.
На изложбата претставени се најновите резултати од мултидисциплинарните  истражувања со повеќе македонски и европски институции, а кои дадоа сосема ново видување на Врбјанска чука за македонската и светската археологија.
Изложени се прекрасни артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, истакнати се уметничките и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија.
фото: Ка.М.
Отворајќи ја изложбата Мимоза Христоска, директор на Завод и музеј Прилеп, посочи дека изложбата не е само визуелна приказна за пронајдените артефакти, туку дека ги обединува науката, традицијата и симболиката на едно духовно и истражувачко дело.
– Изложбата е жива архива на нашето културно и духовно потекло, бидејќи меѓу слоевите земја е откриена приказна за првите земјоделци, за раѓањето на занаетите, за обредите и секојдневието на луѓето кои живееле пред илјадници години – рече Христоска.
фото: Ка.М.
Проф. д-Гоце Наумов, раководител на истражувањата, доделувајќи благодарници за лицата кои помагаа при истражувањата, посочи дека Врбјанска чука е значаен археолошки локалитет.
Ка.М.