„Ликот и делото на Слободан Михајлоски – Данче“ е тематската изложба што беше отворена денеска во Архивот на Прилеп. Изложбата ја претставува меморијата и трагата кои ги оставил прилепскиот уметник Слободан Михајлоски – Данче во ликовната уметност во градот.
– Станува збор за еминентен сликар, ликовен педагог и вљубеник во музиката, дел од генерацијата млади уметници кои се образувале и твореле веднаш по Втората светска војна. Како еден од учениците на Лазар Личеноски, неговите дела украсуваат
институции, домови, во државата и надвор од неа. Благодарејќи на Слободан Михајлоски – Данче, зачувани се пејзажи од градот Прилеп и селскиот амбиент на
прилепското поднебје, старата градска архитектура и Марковите Кули – вели Елена Чагорска, раководител на Архивот, потенцирајќи дека со предавањето на опусот на овој реномиран уметник на Државниот архив се овозможи одблиску да се претстави
неговото ликовно наследство на почитувачите на ликовната уметност во државата.
Со изложбата се одбележува и Меѓународниот ден на архивите и архивистите, а Државниот архив даде придонес на меѓународно ниво во афирмација на Меѓународната архивска недела, вбројувајќи се во редот на светските архиви кои креираат популарни настани за јавноста. Ка.М.