Во рамките на традиционалното одбележување на 76-годишнина од Денот на македонската дипломатија 29 април, како и 15-годишнината од своето основање и 10-годишнината од излегувањето на своето специјализирано списание „Дипломатскиот летопис“, минатата недела членовите на Дипломатскиот клуб презедоа бројни активности.
Покрај редовниот преглед на досегашните активности во афирмација на меѓународната позиција на нашата држава, во печатениот 18 број на „Летописот“ на 90 страници, во контекст на трагедијата во Кочани поместија осврт за здравствена дипломатија, излагања на наши државни функционери за актуелните глобални поместувања, за економската и практичната дипломатија, за зданијата на дела на дипломати-писатели и други содржини.
Во рамките на Денот на македонската дипломатија на 3 мај поголема група на членови на Клубот го посетија демирхисарско и преку изворот на Црна река, во Брезово при посетата на изложбата во родниот дом на уметникот на „Цвеќињата на мирот“ Живко Поповски – Цветин му врачија Благодарница за соработката, потоа во приватната библиотека во Бабино донираа книги од областа на дипломатијата и меѓународната политика на автори членови на Клубот, а положија и свежо цвеќе на гробот на писателот Петре М. Андреевски.