Значаен дел од најновиот циклус на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје ќе има моност да види кавадаречката културна јавност во рамките на изложбата насловена како „Тивко-тивко“ која денеска во 12.30 ќе биде отворена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“.
Творетвото на Новица Трајковски им е добро познато на љубителите на ликовната уметност во Кавадарци како резултат на неговото континуирано присуство со самостојни изложби и редовно учество на кавадаречката ликовна колонија.
Спокојот, тишината , симбиозата со природата и неговиот постојан стремж кон божественото се атрибути кои несомнено асоцираат на неговата уметност а изложбата „Тивко-тивко“ доаѓа како една норманлна последователност на неговото претходно творештво. На неговите најнови дела тој креира еден духовен понтонски мост кој што треба инстантно да се инсталира меѓу поставените дела и набљудувачот и во еден момент да се добие чуство за поврзување на човечкото со божественото.
Ликовниот уметник Новица Трајковски досега има реализирано повеќе од 40 самостојни изложби во Македонија и странство, како и учество на ,многу групни излоби, проекти и колонии од државен и меѓународен карактер. Неговата изложба во Кавадарци е подржана од Министерството за култура на Македонија.
М.М