„Уметничкиот сон“ од Методи Исков е концептуалната изложба отворена синоќа во ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп.
Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.
На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази.
Проектот ја нагласува важноста на општеството во мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.
„Уметничкиот сон“, е проект што ја поканува публиката да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува.
Уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП, има реализирано самостојни и групни изложби и изработено повеќе мурали.
Ка.М.