Фото: Ка.М

Во Ликовна Галерија од НУЦК “Марко Цепенков” Прилеп, синоќа е отворена изложбата на слики „Нова димензија во создавањето 2″ од академската уметница Александра Димитрова од Кочани, која за првпат пред прилепчани се претстави со 19 дела.
Според м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, Димитрова во нејзините дела визуелно манифестира сликарски автентични димензии и раскошни колоритни универзуми.

Фото: Ка.М
Фото: Ка.М

-Разновидните брановидни линии обврзуваат женски портрети, коишто суптилно се преобразуваат во симболични претстави со креативен наратив и емотивен поттекст.
Многуликоста на разните контрастни линии дополнително пробудува бројни доживувања и чувствувања – рече Димеска на отворањето на изложбата.
Уметницата Димитрова, која има реализирано изложби во земјава и во странство и учествувала на бројни колонии, со делата раскажува свои визуелни наративи во кои посетителот ќе може да ужива.

Ка.М.