Изложбата „Циклус-19“ на академската сликарка Христина Зафировска ќе биде отворена во уметничкиот салон од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, попладнево од 18 часот. Изложбата ја сочинуваат деветнаесет дела на тема „Ковид“ на кои Зафировска на астрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек настанати од пандемијата.
– За првпат во нашиот Центар за култура вечерва ќе гостува академската сликарка од Скопје, Христина Зафироска. Таа во уметничкииот салон ќе претстави 19 дела на тема „Ковид“, каде на апстрактен и сликовен начин ни го прикажува реалното и невидливото за голо око, поттикната од промените на животниот тек. Целиот серијал од 19 слики се тесно поврзани меѓу себе и го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување – истакна Маја Николоска Сиљаноска од Центарот за култура.
Христина Зафироска е родена во Скопје во 1983 година каде го завршува средното уметничко училиште отсек применето сликарство и дипломира на факултетот за ликовни уметности на УКИМ Скопје на смер сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за дизајн и мултумедиа во Скопје. Членка е на ДЛУМ од 2009 година. Зафировска работи на полето на сликарството, графичкиот дизајн, мозаикот, ѕидното сликатство, инсталацијата, сценографијата, цртежот, фотографијата и видео-уметноста. З.А.