Неодамна од печат излезе поетската книга на современиот албански поет Лулзим Хазири. Книгата е насловена „Тестамент од свила“.
– Станува збор за длабоко ангажирана поезија што има мирис на манифест, поезија што непокорот го смета за крвоток на современите промени, јадро на бунтот против војната и насилството, а и елегија за оние што неоправдано биле испратени на другиот свет. Лулзим Хазири е поет со светоглед што открива нови хоризонти, па така, покрај двата рефлексивни циклуси озаглавени како „Поезија“ и „Ноктурно“, во циклусот „Преминување на тунелот“ можеме да го почувствуваме сивилото на човековата деструкција, но и на непоколебливоста. Овој поет опстојувањето го разбира во цивилизациски размери и неговите стихови говорат со јазикот на универзалноста, а спецификата на неговиот книжевен израз е уникум чија блискост со нашата сензитивност ја прави оваа книга голема – вели издавачот.
Книгата е во препев на Агим Мустафаи и во издание на „Перун артис“, а е поддржана од Министерството за култура.