Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се застапени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија „Академија“, кое излегува на месечно ниво во универзитетски центар во земјата, Тарту.
Песните, кои се извадок од објавеното творештво на Марковски, се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, професор гостин по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту.
Списанието „Академија“ излегува од 1989 година, во издание на естонскиот весник „Сирп“. Од 1990 година излегува како месечник.
Претходник на сегашното е истоименото списание на студентски друштва што излегувало во Тарту од 1937 до 1940 година, во чија редакција учествувале познатите естонски интелектуалци и академици Ханс Круус и Алфред Коорт, како и естонскиот државник Антс Пиип (1920-1921).