Македонскиот долгометражен игран филм „Мини“ на Даријан Пејовски, во продукција на „Скопје филм студио“, од 13 октомври ќе биде на репертоарот на „Синеплекс“, „Милениум“ и кината во другите градови. „Мими“ е психолошка драма за девојка што, потисната од родовите предрасуди од родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиева како Мими, Тамара Ристоска како Сара, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.
„Мими“ е втор долгометражен филм на Даријан Пејовски, кој во својата филмска биографија како режисер ги запиша „Три дена во септември“ (2015), неколку краткометражни филмови, а работеше и на ТВ-сериите „Фамилија Марковски“, „Инсајдер“ и „Преспав“. Филмот е копродукција со Хрватска и Црна Гора.