Фото: Приватна архива

„Кратка хронологија“ е насловена изложбата на Игор Станоески ака Иги Мен, мултимедијален автор, академски скулптор, но и музичар, композитор-аранжер, текстописец и продуцент, што ќе биде отворена во вторник, 30 декември, во скопското „Бифе Тафталиџе“ во 20 часот.

Според авторот станува збор за краток хронолошки осврт на последниве 6 години од неговото творештво и ќе бидат изложени селектирани дела од изминати циклуси создадени во овој творечки период. Некои од сликите биле изложени, но само во Германија и овдешната јавност се уште не ги видела. Опфатени се дела од некои серии создадени од 2018 до 2025 година.

Станоески е дипломиран ликовен уметник, но и успешен музичар и во меѓународни рамки, па во неговиот кретаивен свет несомнено е машањето на световите, од музика и гитари до шпакли и четки.

– Особено често се забележуваат поклопувања во методологијата, и креативната логика на процесите. Четките и шпаклите пак со гитарата, најмалку се поклопуваат во широката перспектива. Дипломирав како скулптор, а последниве дестеина годинис е знаимавам пртетежно со мдоерно сликарство. Има некои прелевања во сферата на моите интереси, во последниве години, меѓутоа се наоѓаат во аналогиска смисла на ликовна атмосфера пренесена во музиката и обратно. Креативноста секогаш лесно го пронаоѓа патот, прашање е дали е тој отворен и колкава конзистентност има таа отвореност – вели Игор.

Станоески е роден на 2.7.1986 во Скопје, каде завршил средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство „Лазар Личеноски“ – Скопје во 2004. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата „Креативна работилница Игимен“ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.

Од 2020 година е дел од организацијата и создавањето на македонскиот блуз фестивал „Котон блуз фестивал“ (Cotton Blues Fest), кој од 2023 година добива мултимедијален карактер со ликовната колонија која ја воведува во рамките на фестивалот.

Досега одржал десетина самостојни ликовни изложби дома и во странство, а бил дел и од голем број групни претставувања. М.Т.