На поетскиот настан „ХЕЛИКОН ПРЕД МИКРОФОН: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, кој во петокот се оддржа во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје учествуваа повеќе од 70 средношколки и средношколци од над 10 училишта ширум Македонија. Учениците читаа антички стихови и современа македонска поезија.
Дел од учесниците настапија во живо, а дел со претходно испратена видео снимка. Учесниците читаа избрани препеви на песни од старогрчки и римски поети (Мимнерм, Солон, Теогнид, Платон, Сапфо, Архилох, Катул, Тибул, Хоратиј и др.), како и современа македонска поезија инспирирана од антиката (Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Анте Поповски, Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Богомил Ѓузел, Јован Котески и други).
Настанот го организираше Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет и е дел од серијата настани што факултетот оваа година ги организира по повод одбележувањето на 105-годишнината од основањето.
Преку јавниот настап на учениците целта на „Хеликон пред микрофон“ беше ги поттикне младите да ја доживеат поезијата не само како училишна лектира, туку и како живо уметничко искуство.








































