Корнелија Конеска, извршна директорка на „Остен“, истакна дека грчките уметници и „Остен“ негуваат пријателски односи и нагласи дека грчките уметници често формираат групи за да учествуваат на настаните на „Остен“, што доведува до создавање мост што со години ги обединува Грција и Македонија.
Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Македонија во соработка со „Остен“ организираше приватна обиколка со водич на изложбата „Остен биенале – Скопје 2024“ во Националната галерија на Македонија – „Чифте амам“, фокусирајќи се на грчките уметнички дела што се дел од изложбата.
Во рамките на годинашната изложба, со која се одбележуваат 80 години од постоењето на „Остен“, изложени се дела на 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји. Тие се избрани од вкупно 273 уметници од 51 земја, кои се пријавија со 863 уметнички дела по објавувањето на меѓународниот отворен повик.
Изложбата, која свечено беше отворена на 6 февруари, вклучува голем број грчки уметници, меѓу кои се: Тодорис Трампас, Пантелис Цацис, групата „Баф“ (составен од Киријаки Агелидаки, Софија Антонакаки, Аимилија Антониу, Јоргос Калогианис, Ксенија Калиора, Харис Кондосфирис, Јоргос Теодору, Трасос Зикулис, Виолета Газеа, Стелиос Карас, Софија Леониду, Димитра Марини, Никос Палајодорос, Димитрис Пилавакидис, Лисимахос Полихронидис, Василис Сенцас, Костас Солакис, Маргарита Цулуха, Крисула Цалкути, Аристејос Цусис), Софија Антонакаки и Харис Кондосфирис и групата „Оклезис“ (составена од Ники Папаспиру, Никос Јавацо, Ефи Фурики, Мариос Фурнарис, Аница Вучетиќ и Ставрос Софианопулос).
Меѓу грчките финалисти, наградени беа три дела. Тодорис Трампас доби посебно признание од жирито, Пантелис Цацис ја освои наградата „златен остен“, додека пак групата „Баф“ освои посебна награда од „Остен“ за групно претставување за нивното дело – инсталација насловена „Сенката на светилникот“.
Водич на обиколката беше Корнелија Конеска, извршна директорка на „Остен“, кураторка и селекторка на уметниците на годинашниот настан. Конеска истакна дека грчките уметници и „Остен“ негуваат пријателски односи и нагласи дека грчките уметници често формираат групи за да учествуваат на настаните на „Остен“, што доведува до создавање мост што со години ги обединува Грција и Македонија.
Изложбата ќе биде отворена за посета до 9 март.