Во ЈУ Младински културен центар во саботата се одржа мултимедијалниот настан со наслов „КреАрт – годишен уметнички фестивал“, со наслов „Македонско вино“, кој понуди уникатно искуство што ги поврзува уметноста, културното наследство и виното. На настанот беа поставени вински буриња обезбедени од Музејот на Галеријата во Кавадарци, на кои во живо се создаваа уметнички дела инспирирани од темата.
Уметничкиот дел започна со отворање на изложбата на дела од Зага Малинковска (1926–2004) и со презентација на шишиња и етикети на старите вина. Во уметничкиот процес на цртањето на винските буриња учествуваа уметниците: Горан Боев, Томе Филов, Никола Ивановски, Илија Дојков, Сара Милевска, Теодора Ставрова, Михаела Ризова, Марија Зафировска, Леа Драмиќанин, Зехра Тулу Јилдиз, Лука Акдениз, Дарија Дивковиќ, Јана Кралевска, Весна Ничевска – илустрации за винарницата „Ерос“, Слободан Живковски – „Експресија – вино“, Гордана Винчич – „Целувано грозје“.
Во делот на специјални изведби и техники учествуваа уметниците Маја Танева со скулптура од тенка жица, Марина Деаноска со филигран-уметност работена со срма, Љубиша Камењаров со глина, Бојана Мандевска со „Глината раскажува“ и Филип Матевски со „Стрип, манга и поп-арт“.