Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната – годишниот концерт „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ – в сабота, во Национална опера и балет, од 19.30 часот.
– Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ – мотото под кое се одвива тековната концертна сезона.
Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни. Раскош на народни носии од сите краишта на Македонија. Кореографски решенија што ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз. Врвни игроорци, пејачи и музичари на ансамблот, кои го носат македонскиот иденти

































