Германската возбудлива и забавна семејна комедија, „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ на режисерот Мајк Марцук, се прикажува на големите екрани низ земјава. Филмот се прикажува во Кинотеката во Скопје и во киното „Манаки“ во Битола во терминот од 18 часот и во Центарот за култура – Битола (мала сала) од 19 часот. Филмот до идната среда е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје, и тоа, во работните денови во 18 часот, во викенд во 16 часот.
Филмот „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ е адаптација на популарната книга на Дагмар Х. Милер и ги носи познатите ликови на големото платно со неверојатна доза забава и емотивни моменти.