По повод 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на македонските Евреи, вчера на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија со поцеток беше отворена излозба „Последниот татнеж во Еврејското маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас”.
Мал дел од фотографиите се од архивската документација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а поголемиот број се создадени од Рафаел Алтарас и добиени од неговиот син на подарок за Фондот на холокаустот.
Рафаел (Ратко) Алтарас е роден на 28 март 1923 година во Белград, како шесто дете на Авраам и Флора Алтарас, сефардско еврејско семејство. Во 1941 година се приклучил на партизанското движење во борбата за ослободување на земјата и бил носител на партизанска споменица 41-ва (првоборец).
Куратор на изложбата е Жаклина Мучева. Ќе трае до 31 август 2023 и ќе биде поставена на вториот кат во Меморијалниот центар на холокаустот – изложбен салон. Влезот за изложбата е слободен.
Фото: Маја Јаневска-Илиева