Илија Плевнеш

Во спомен на Непобедливата Љубов кон младиот македонски музички и сценски уметник Илија Плевнес (1984-2021) и по повод неговиот роденден (4 ноември) Константин Плевнес ја објави на три јазици (македонски, француски и англиски ) песната „Езерото на Илија“ на платформата World Poetry Movement (Светско поетско двизенје)

Песната ексклузивно ја испрати за „Нова Македонија“!

„Езерото на Илија“

Брат,
Од кога замина
Во Големото Сино,
Честопати те гледам
На Големото платно
Од мојот Животен Сон.
Има едно езеро
Покрај шумите на Алјаска,
Најдлабокото, најголемото во светот,
Се вика Илијамна.
Сонувам дека пливам
Во светите води
На Илијамна,
И те барам Илија, бидејќи
Во најтемните води
Се крие најчистата Светлина.
О Илија од Македонија,
Твојата душа е толку голема,
Што ја најдов на другата страна на светот во Алјаска,
Во бистрите и темно зелени води
На најголемото светско езеро
Илијамна
Илијамна
Илијамна
Сакам да пеам
Илија
Илија
Илија
Додека пловам во твоите свети води
На кои се одразуваат пурпурни, розеви, портокалови зраци на
вечно зелените северни светлини кои се мешаат со магијата
на овој незаборавно необичен залез на Кралот Сонце, Илиос…