Со избор од својата програма, вечерва во Прилеп ќе допатува „Ехо – планинскиот фестивал“. Во кино „Мис Стон“ од 19 часот, во два блока, ќе бидат прикажани филмови од Шпанија, Канада, Германија, Франција, Италија, со кои се споделува планинската култура во што повеќе заедници, кои имаат и докажан однос со природата и планината.
Партнер во реализацијата на фестивалот е Форумот за авангардна креативност, а притоа беше претставена и новата книга на Нејц Заплотник, „Пат“.
Воедно со настанот започнаа активностите за одбележување на 25 години од постоењето на Форумот за авангардна креативност – Прилеп.
Ка.М.