Три претстави се вечерва на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“. На петтиот ден публиката во официјална конкуренција ќе може да ги проследи претставите – „Парови“ на Драмски театар и „Бура“ на Прилепскот театар, а во придружната независната „Ла Макбет“ на „Хибрид продукција“.
Во 19 часот во големата сала на „Марко Цепенков“ ќе се гледа „Парови“ на Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска. Играат: Трајанка Илиева-Велиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Јасмина Василева, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Лазар Христов, Ања Митиќ и Нина Елзесер.
Во 22.30 часот ќе следува изведбата на „Бура“ на театарот „Војдан Чернодрински“ во режија на Џон Блондел. Играат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.
Од независната продукција во 20 часот во кафе-бар „Тротоар“, на програмата е „Ла Макбет“ во режија на Шенај Мандак, а во изведба на актерот Хакан Даци.
Инаку, денеска на разговорите на тркалезна маса се дебатираше за претставата „Ричард Трети“ на Албанскиот театар, која остави голем печат на програмата на 59. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.
Ка.М.