Фото: Петар Младеновски

Здружението „Култи Ватор“ од Скопје успешно ги реализираше детските претстави за млади лица и деца од посебните категории во рамките на проектот „Жапчиња 2024″.

Истите се реализирани во соработка со Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица и со сојузот Мобилност – Скопје, Министерството за култура и центарот – Даре Џамбаз Скопје како и Арт Вени Види, театарот за деца и младинци.

Здружението продолжува периодов и со нови проекти.